Велосипедска тура низ Крива Паланка по повод ,,Денот без автомобили“

Општина Крива Паланка денес активно се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден без автомобили – 22 Септември. На велисипедското дефиле низ градот, учество зедоа околу 200 велосипедисти, ученици од средното и основните општински училишта, наставници и професори, претставници на локалната самоуправа, граѓани кои пружија поддршка на активноста, како и најмалите дечиња.

Учесниците на овој настан, велосипедот го претставија како забавно, ефикасно, безбедно и еколошко превозно средство, кое се повеќе треба да биде користено.

-Искуството од досега реализираните активности за одбележување на Денот без автомобили се покажа како ефикасно, затоа што се повеќе се подига свеста на граѓаните за користење на еколошкиот превоз и преку реализацијата на овој настан, сакаме да пратиме порака, дека секој треба да го користи велосипедот како превозно средство од најмалите до највозрасните, а особено ме радува фактот што најбројни се најмладите, рече градоначалникот Борјанчо Мицесвки.

На најмалиот учесник во овој настан, во име на Општина Крива Паланка, градоначалникот Борјанчо Мицевски му врачи симболичен подарок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e