Со цел да ги доближат услугите до граѓаните, Управата за јавни приходи отвори привремена канцеларија во просториите на Општина Аеродром, која ќе врши прием на барањата за регистрација на системот е-ппд. Граѓаните на Општина Аеродром треба навреме да се регистрираат на системот е-персонален данок.
Оваа привремена канцеларија на Управата за јавни приходи во Општина Аеродром е отворена секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот, а ќе може да се користи до 31 декември годинава.