Трибина во населба Метеоролошка : Иднинатa е во наши раце! Да го дадеме нашиот глас ЗА европска Македонија

-Полно ми е срцето што вечерва ве гледам во толку голем број,ме радува тоа што се ослободивте од притисокот и заканите,за работниците,за бизнисмените во време кога се беше темнина околу нас,но затоа пак сега кога го гледам ова ми дава за право да кажам дека она за кое се боревме во изминатите 10 години да срушиме режим успеавме и горди сме на тоа,порача градоначаникот на општина Крива Паланка,на вечерашната средба со жителите на населба Метеоролошка.

Првиот човек на градот пред присутните зборуваше за визијата и крајната цел во наредниот период.

42104313_10155736676262196_4120174152961228800_n

– Многу странски политичари дојдоа деновиве во Македонија да ни дадат поддршка и да ни честитаат за нашите напори за подобра иднина на државаат и како раководство и како држава. Ако во 2005 година Радмила Шеќеринска беше вицепремиер за евроинтеграции и ја доведе Македонија на прагот на ЕУ,се смени власта во 2006 година и ние цели 11 години тапкавме во место и не знаевме што со себе. Правеа само споменици од кои се земаа многу високи провизии,се изнесуваше капиталот надвор од државата а бизнис секторот во стегите на таа тортура не смееше да ги инвестира своите средства во бизнис во државата.Денес имаме пак заинтересирани бинисмени кои сакаат да инвестираат во Крива Паланка,Веибо како лажна инвестиција си замина ама затоа пак сега имаме два новоотворени погони,се подготвуваат и уште два нови кои дали по 50 или 100 луѓе ќе вработат тоа е она што можеме да го пружиме,слободен развој на бизнисот и економијата,порача градоначаникот Мицевски.

42146079_10155736675572196_5022902916244045824_n

Според него се прават напори за привлекување на други инвеститори за нови работни места со што на тој начин би се спасила миграцијата која се случуваше во изминатите десеттина години.

-На 30 септември треба сите да излеземе и да го дадеме својот глас ЗА,за македонски пасош кој ќе биде признаен и кој овозможува бројни привилегии при нашите посети во странство.Со отворањето на границата ќе имаме можност сите македонски производи кои ги имаме тука да ги пласираме на европскиот пазар и ќе значи отворање на вратите за бизнис секторот да произведува,да вработува,да ги зголеми платите и со тоа да се подобри социо економската состојба во градот,смета Мицевски.

Тој  уште еднаш ги повика присутните да излезат на 30 септември и да гласаат ЗА европска Македонија зашто со тоа ја обезбедуваат не само својата иднина,на своите деца ами и на идните генерации.

– Зошто јас ќе гласам ЗА на овој референдум.Како мајка,како наставник јас на овој референдум ќе гласам ЗА идните генерации,за моите деца,за децата кои ги учев и за сите деца на чија иднина мислиме,вака се обрати пред присутните граѓани на собир,претседателката на Советот ,Изабела Павловска.

42182994_10155736675812196_7383700388492345344_n

Според неа ,децата се иднина а ако ние не вложуваме во сегашноста не можат да бидат и наша иднина.Таа истакна дека и сега ние имаме квалитетно образование,примарното, но кога станува збор за средно и високо образование и тоа е добор но сепак нашите деца гледаат понапред,сакаат да се усовршат во образованието,да учат и стекнуваат знаења надвор од нашата држава.

– Како државјани на БЈРМ нашите деца ги немаат привилегиите како студентите во земјите од ЕУ,затоа што тие не можат да добијат стипендии и бенефити од Унијата.Како членка на ЕУ сите студенти,средншколци ќе можат прку програмата Еразмос да одат во странство,да учат,да црпат знаења и пак да се враќаат во сојата земја.А ние како родители ќе бидеме среќни,зашто им даваме корени,им даваме крила за тиа пак да ни се враќаат овде и ги користат своите знаења и искуства.

Павловска повтори дека би гласала за ЕУ затоа што долго време ние викаме дека сме РМ а всушност насекаде во светот,во ОН уште пред 25 години сме признаени како БЈРМ и што сега би сменила придавката Северна Македонија ако имаме многу подобри услови за живеење.Според неа освен за нас треба да мислиме и за генерациите по нас,за возрасните,за пензионерите зашто секој сака нормален живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e