Трибина во населба Бавч’лк: Ова е историска можност и секој од нас треба да излезе и да донесе одлука

На 30 септември населба Бавч’лк со сигурност ќе одбере европска иднина и ќе каже ЗА европска Македонија,вака вечерва на собир им порача на огромниот број на граѓани ,градоначалникот на Крива Паланка,Борјанчо Мицевски.
Мицевски се осврна на бројните бенефити кои ќе ги имаат граѓаните на Крива Паланка со членство во НАТО и ЕУ, на бројните проекти реализирани со европски пари но и на многу поголемите финансиски средства кои ќе ги добиваме како држава во наредниот период.

42101586_1849566891797398_3345041897310650368_n

-Со средства од европските фондови ја изградувме новата пешачко рекреативна патека,добивме нова најсовремена модерна опремена сала за состаноци во оптшинската зграда а со почнување на претпристапните преговори ќе имаме многу повеќе средства за решавања на проблеми во инфраструктурата,изградба на патишта,улици,водоводи,мостови.Влезот во ЕУ значи повисоки субвенции и приходи за нашите земјоделци. Околу 40% од Буџетот на Европската Унија е наменет токму за рурален развој, истакна првиот човек на градот.

41990567_660370537697014_2948901941020721152_n

Градоначалникот Мицевски пред присутните ја претстави и најновата мерка на Владата за реформи во социјалниот систем,која ќе почне да се применува од 1 јануари идната година а станува збор за трипати поголема социјална помош, како гарантиран минимален приход, за најголем дел од семејствата во социјален ризик, преквалификација и доквалификација на работоспособните приматели со цел да можат да се вратат на пазарот на труд и да излезат од сиромаштија, како и олеснување на пристапот до детски додаток.

– Драги кривоопаланчани на 30 септември сите ние добиваме можност да одлучиме за судбината на својата земја. Нашата можност е на 30-ти септември затоа да излеземе сите и да го дадеме нашито глас за европска Македонија.
Пред присутните свое обраќање имаше и претседателката на Советот Изабела Павловска.Таа издвои повеќе причини зошто ќе излезе на претстојниот референдум и ќе гласа ЗА иднина на Македонија.

41990855_467096800451763_7808542245421842432_n

– Со приближувањето на Македонија до ЕУ поддршката за социјална заштита постојано расте. Младите од нашиот град и Македонија заслужуваат подобра перспектива, дома во нашата земја. Со Договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото историско и културно наследство. Македонија помина низ многу крстопати и во клучните моменти, секогаш избираше иднина. На 30-ти септември јас ќе заокружам ЗА држава каква што посакуваме сите ние , ЗА живот каков што заслужуваме да имаме .Крива Паланка и кривопаланчани се убедени дека придобивките од пристапувањето на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО алијансата се огромни и затоа претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември треба да биде успешен и дека треба безрезервно да се поддржи, порача Павловска пред насобраните граѓани во населба Бавч’лк.

Присутните граѓани вечерва покажаа дека се подготвени за посветла иднина и подобар живот во ЕУ и НАТО и дека на 30-ти септември ќе излезат и ќе гласаат ЗА Европска Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e