Трагедија во Велес: Три деца изгореа во пожар

Попладнево околу 17 часот во периферијата на Велес се случило страшна трагедија. Како што пренесува „Независен Весник“ пожарот се случил на  улица „Даре Џамбаз“ каде што настрадале три дечиња на една, две и петгодишна возраст.

Според информациите куќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен во Велес. Куќата е дивоградба. Најверојатно се работи за социјално загрозено семејство кое во импровизираното живеалиште било околу 2 години. Според истите информацији трагедијата се случила додека родителите беа во продавница а дечињата  беа сами во куќата. Пожарот го забележале соседите кои се одалечени на околу 100 метри од куќата во која избил пожарот.

Причината за пожарот се уште е непозната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e