Вечерва 7 јануари, со почеток во 18,00 часот на Градскиот плоштад во Крива Паланка ќе се одржи и Божиќен концерт. Програмата започнува со настап на Детскиот музички хор „Симитчиња“, по што следува концерт на познатото Трио Џентлмен и нивната оригинална изведба на свечени и класични евергирини посветени на Божиќ.
Специјален гостин на вечерта е малиот Ајдин Османовиќ, или како што го нарекуваат ангелскиот глас од БиХ , во придружба на неговиот професор Јасмин Брашњиќ, кои ќе донесат радост и топлина во срцата на сите граѓани.
„Општина Крива Паланка ги организира настаните за најголемите празници во духот на традицијата, за да имаат можност граѓаните да ги споделат празничните моменти и заеднички да го прослават овој посебен период од годината, посветен на семејните вредности, обединувањето и дарувањто“, велат од општината.
Во организацијата учествуваат и ЛУ Градски музеј, НУ Центар за култура, училиштата, културно-уметничките друштва и Центарот за аудиовизуелни уметности.