Тинејџер претепан од две лица кои се обиделе да му го украдат автомобилот

Од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ вчера во полиција било пријавено дека кај нив бил донесен Р.Ј. (18) од Скопје кој бил физички нападнат од две непознати лица на ул.„Јужноморавски бригади“ во Скопје.

-Р.Ј. забележал дека двете лица се обидуваат да му го одземат неговото патничко возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, по што излегол надвор и тие физички го нападнале, но не успеале да го одземат возилото, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e