Тинејџер со автомобил удри во бетонска жардињера во Автокоманда

Вчера во 21.18 часот на булеварот „Трета Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „Опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од Г.Ѓ.(19) од Скопје, удрило во бетонска жардињера.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобил Г.Ѓ., кој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e