Тезгаџија во Скопје почина откако ја спаси внуката да не ја удри автобус

Автобус удрил во тезга на улица Индира Ганди во Скопје. Тезгаџијата ја спасил внуката која била до тезгата тргајќи ја настрана, но потоа му се слошило и паднал во бесознание, соопшти полицијата.

Со друго возило тој е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.

Полицијата соопшти дека приватниот автобус се движел кон тезгата и од непозната причина возачот не можел да го сопре автобусот, по што удрил во тезгата.

Со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e