Тешко повреден малолетен мотоциклист од Крива Паланка

На 11.09.2021 во 16.00 часот на крстосница од ул.Св.Јоаким Осоговски и ул.Јоаким Крчовски во Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки управуван од 15 годишен малолетник од Крива Паланка и патничко моторно возило „фиат пунто“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од И.М.(21) од Крива Паланка.

Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, што му биле констатирани од доктор во здравствен дом Крива Паланка.

За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e