Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, едно лице тешко повредено

Вчера во 13.45 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во село Псача на место викано „Бунар“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(48) од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со албански регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Република Албанија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Н., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полицската станица Крива Паланка. .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e