Субвенции за излозите во старата скопска чаршија

Субвенции ќе има за излозите и рекламите во Старата скопска чаршија.

Рокот за реализација на проектот е една година.

Министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу потпишаа Договор за реализација на проектот за уредување на излозите и рекламите во Старата скопска чаршија. Ова ќе чини 11,33 милиони денари.

Предмет на овој договор е доделување субвенции за уредување на излозите и рекламите во ќаршијата, во согласност со Програмата за развој на туризмот за 2018 година. Веќе е готова и техничката документација за конзервација, санација и адаптација на излозите и написите на дуќаните во Скопската чаршија.

„Грижата за овој наш културен центар е докажана и во стратегиите на дејствување во претходните години во областа на културата“- соопшти општина Чаир.

Овој заеднички проект има за цел зачувување на инфраструктурната автентичност на Старата скопска чаршија која секогаш треба да рефлектира културни вредности.

Министерството за економија со средства во износ од 16,5 милиони денари ќе го враќа стариот сјај на Скопската, Битолската и Охридската чаршија. Во Скопската чаршија ќе се ревитализираат излозите на 115 дуќани, во Битолската на 38, а во Охридската на седум дуќани.

Во последните неколку години во скопската чаршија се обновени 60 излози на дуќаните за кои Министертсвото за економија одвои 9 милиони денари, 6 за изведба и 3 за идејно решение и добивање конзерваторски услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e