Средба во населба Трештен Дол: Одговорноста за европската иднина на Македонија е наша!

Со Вашето се поголемо присуство на нашите заеднички средби,драги мои кривопаланчани и жители на населбата Трештен Дол,верувам дека на 30 септември сите заедно ќе излеземе да го дадеме својот глас ЗА европска Македонија,вака им порача на синоќешната средба на своите сограѓани,градоначалникот на Крива Паланака Борјанчо Мицевски.

Тој ги информираше присутните дека пред само два дена ЕБОР и Македонија го потпишаа договорот за реконструкција и проширување на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир.Со склучувањето на договорите за заем и гаранција се обезбедуваат 10 милиони евра за изградба на делницата во должина од 13 километри.

–Овој проект ќе ја подобри поврзаноста на нашата држава со соседна Бугарија со која последната годинаимаме сериозно зголемување на трговската размена и овој пат е од особена важност за нашата економија. Постоечкиот пат ќе се реконструира целосно ќе се реконструираат постоечките мостови а ќе се изградат и нови четири со што ќе се направи убав пат како целина од граничниот премин до Ранковце,информира градоначалникот Мицевски.
Првиот човек на Крива Паланка ги информираше присутните и за социјалната реформа, која беше најавена пред некој ден,со згоемување на неколку пати повеќе на социјалниот надомест и која ќе почне да се применува од почетокот на идната година .Целта,според Мицевски е да се помогне во справување со сиромаштијата со која се сретнуваат бројни семејства во градот и државата .Тој истакна дека Македонија нема друга алтернатива и затоа е решено цврсто да го изоди овој пат. Според него а членството во ЕУ и НАТО е носење на европските вредности овде и затоа треба да правилно и мудро да одлучиме и на 30-ти септември да гласаме ЗА ,потенцира Мицевски.

– Одговорноста за европската иднина на Македонија е наша! Ние одлучуваме за иднината на нашите деца и идните генерации а за тоа светот ни ја дава целосната поддршка и затоа имаме шанса да одиме напред! На 30 –ти септември да гласаме ЗА! Да гласаме ЗА сигурна и безбедна иднина и за наша европска Македонија,порача градоначалникот на Крива Паланка,Борјанчо Мицевски.

-Европската Унија инвестира во младите затоа на 30 –ти сите ние заедно да се обединеме и да им овозможиме на нашите млади иднина со повеќе можности,порача на средбата претседателот на ОО на СДСМ Крива Паланка,Игор Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски потенцира дека дека поддршката од ЕУ е многу значајна за руралните и мали општини, а средствата што ЕУ ги дава сега за Македонија,со нашето приближување до полноправно членство кон неа, ќе се зголемуваат . Поддршката од ЕУ за Македонија изнесува 90 милиони евра годишно, или секојдневно по 260 илјади евра за поддршка во инфраструктурата, образованието и локалната самоуправа,откако ќе ги започнеме преговорите, а потоа и со влез во ЕУ ќе има многу повеќе пари за инфраструктура, изградба на нови патишта, водоводи, канализации, училишта,истакна Ѓорѓиевски.
– Почитувани сограѓани,на 30 –ти септември секој глас е важен и затоа немаме право на грешка. Ајде,сите заедно да излеземе на референдумот ЗА европска Македонија – порача на жителите на населба Трештен Дол, претседателот на ОО на СДСМ Крива Паланка,Игор Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e