Создавање на услови за институционален развој на спортот во Крива Паланка, проект на организацијата ЕГРИ

Во Крива Паланка се имплементира проект чија цел води кон формализирање, односно институционализација на спортот со цел овозможување поголема поддршка од јавните и приватните субјекти во градот преку еден интегриран пристап, заеднички настап за подршка на спортот и спортските клубови.

Проектот насловен како ” Создавање на услови за институционален развој на спортот во Крива Паланка “ го имплементира Здружението Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ како подгрант на проектот „Подобрување на активната вклученост на Македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новооснованите граѓански организации“, што го имплементира Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус, финансиски подржан од ЕУ.

33890827_1921727777857543_8075765262218952704_n

Во рамки на проектот ќе бидат имплементирани одделни работилници за вмрежување на спортските работници, спортските клубови и компаниите, работилници за општествена одговорност на компаниите преку презентација на можностите за ослободување од данок доколку се инвестира во спортот, креирање на програма за соработка и финансирање од локалните власти и обука за проект менаџмент циклус.

Во овие работилници ќе бидат вклучени сите активни чинители за развој на спортот (спортски клубови, еминентни спортисти и спортски работници од градот). Во рамки на проектот ќе биде регистриран и Сојуз/Асоцијација на сите спортови во градот како организација која ќе ги застапува интересите на спортистите и спортските клубови од градот, а ќе биде изготвена и Програма на Сојузот за финансирање на спортот, која ќе биде поднесена и усвоена од Советот на општината.

33942287_1690360757685628_6377688807180861440_n

Во рамките на проектот веќе е подготвена и книга – монографија Историја на спортот во Крива Паланка 1912-2018 година од страна на проф- д-р Јордан Михајловски и кон крајот на месец јули се очекува и нејзина официјална промоција пред кривопаланечката поширока јавност.

Проектот е со времетраење од осум месеци, од  01.02.2018 – 30.09.2018

EU4K_Logo_Color_RGB - Copy

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e