Сопруг на пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ се обидел да испровоцира инцидент во касарната во Куманово?!

Денеска на влез во кумановската касарна дошло до инцидент кој го предизвикал сопругот на позната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, поранешна директорка на една државна установа во Куманово.

Сопругот, инаку вработен во АРМ како подофицер, според очевидци на настанот, се обидел насилно да влезе во касарната со своето приватно моторно возило кое целото било накитено со транспаренти од движењето “За заедничка Македонија”.

Истиот, дознаваме дека предходниот ден бил предупреден од командантот на гарнизонот да ги отстрани транспарентите од возилото или со тоа возило нема да му биде дозволен влез во касарната, денеска со цел да испровоцира меѓуетнички тензии повторно пристигнал со истото возило и со истите обележја и се обидел насилно да влезе во кругот на касарната.

Во тој обид, спречен е од страна на стражарското обезбедување во чиј состав се војници претежно од албанска етничка припадност и само присебноста на дежурниот офицер спречила ескалирање на овој инцидент со можна употреба на оружје, велат извори за И-портал.

Возилото на посочениот подолго време било паркирано на влезот во касарната со што бил оневозможен влез и излез на моторни возила од касарната, а и е создаден голем сообраќаен метеж на главната улица што се протега накај железничката станица во Куманово.

Најверојатно се работи за нова тактика за подгревање и провоцирање на меѓуетнички тензии помеѓу вработените во АРМ.

Истото може да доведе до сериозни последици имајки во предвид дека се работи за персонал кој е цело време под оружје и поголемиот број од вработените во касарната се со албанска етничка припадност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e