Сообраќајка кај Католичка, едно лице повредено

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи попладнево во близина на Католичката црква во Скопје.

Во несреќата учествувале автомобил и мотоцикл. Со возило на Брза помош мотоциклистот е пренесен во болница. Засега нема информации како дошло до несреќата, ниту, пак, за карактерот на повредите на мотоциклистот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e