Силувано девојче во Струга; Taтко полово го нападнал синот во Дебар

– На 26.08.2019 во 19:30 часот во ПС Струга, 52-годишен жител на струшко село пријавил дека А.А.(24) од с.Подгорци, струшко, во периодот од 23 до 26.08.2019 извршил полов напад врз неговата ќерка, соопштуваат од МВР.

Сличен ваков случај се случи во Дебар каде татко сексуално го нападнал својот син.

Во полициската станица Дебар, жена пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг од Скопје полово го нападнал нивниот син.

Инцидентот бил пријавен на 18 август во 15:15 часот во Полициската станица Дебар, 50-годишна жена пријавила дека во периодот од 14.07. до 04.08.2019 во куќа во Дебар нејзиниот поранешен сопруг С.Ј. од Скопје, извршил полов напад над нивниот син.

Полицијата работи на расветлување на случаите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e