Шилегов најави бесплатен превоз за сите средношколци

19 средни училишта во градот Скопје ќе ја започнат новата учебна година со енергетски ефикасни фасади во согласност со современите стандарди за заштеда на електрична енергија и топлина, најави градоначалникот Петре Шилегов. Парите за реновирање на училиштата се обезбедени од заштеди и дел од буџетот што беше предвиден за проектот „Скопје 2014“.

Новина ќе биде бесплатниот превоз за сите средношколци, без оглед на оддалеченоста на живеалиштето од училиштето.

Средствата за бесплатен превоз ќе бидат обезбедени од буџетот на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e