Селект кафе од Кр.Паланка организира хуманитарна акција за лекување на Ивана Стојановска

Овој викенд целокупниот направен промет ќе биде дониран во лекување на нашата сограѓанка Ивана Стојановска.

Да ги отвориме нашите срца и да ја активираме нашата хуманост и човечност.

Се што е потребно е за викенд да не посетите и да уживате во некое од нашите уникатни пијалоци, Вашите пари односно нашиот промет целокупно ќе биде дониран за лекување на Ивана .

Ајде Кривопаланчани Вие сте на потег !!! – стои во најавата.

Инаку, таткото на Ивана, Константин Стојановски, јавно на Фејсбук, се заблагодари на луѓето кои помогнаа, неговата ќеркичка да замине на лекување во Германија.

Во овие тешки моменти за мене и мојата фамилија сакам јавно да се заблагодарам на луѓето кои несебично се заложија и дадоа се од себе за помош на мојата ќеркичка и ниту еден момент не не оставија да бидеме сами.

Јавно се заблагодарувам и Ви се поклонувам до земја на министерот за земјоделие Љупчо Николовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот Оливер Спасовски, премиерот Зоран Заев.
Се извинувам го заборавив и господинот Митко градоначалникот на Кавадарци и директорот на Кожувчанка и вработените во ЈУМЦСР Крива Паланка.

Целокупниот тим од КАРИЛ, Детската Клиника, Клиниката за Неврохирургија. Огромна благодарност до Фондот за здраство кои го одобри лекувањето на Ивана во Германија.” – напиша Стојановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e