Секој трет дал мито, речиси никој не пријавил

На повеќе локации низ Скопје денеска се одржа активистичката акција „Дај мито“.Преку перформанс – поворка, „Дај мито“ на хумористичен и сатиричен начин побара основање агенција за рамноправна редистрибуција на мито. Воедно укажа на корупцијата во институциите, но и на граѓаните кои се подготвени да дадат мито.

„Екстремното високо ниво на корупција, но и статус-кво состојбата во однос на решавањето на овој проблем, побарува нови, креативни идеи и начини кои ќе алармираат за состојбите и ќе направат притисок за што поскоро решавање на корупцијата. Крајната цел на активистичката акција е да стави крај на корупцијата во Македонија“, велат активистите.

Повикувајќи се на последниот извештај на Транспаренси Интернешнл, „Дај мито“ наведува дека Македонија паднала од 69 на 107 место на листата на земји од регионот за борба против корупцијата и има оценка 35/100 со што е во групата држави со висока корупција.

Во Македонија во 2016 година, 30 отсто од граѓаните изјавиле дека им било побарано мито, а 29 проценти платиле, односно дале мито. Лани,  на 36 отсто им било побарано мито, 31 процент дале мито.

Вкупно 90 отсто од граѓаните во Македонија никогаш, односно воопшто не пријавиле корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e