На 31.12.2024 во 11.45 часот, во ОВР Крива Паланка, И.М од с.Конопница, кривопаланечко, пријавил дека во селото настанал пожар во патничко возило „пежо 306“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на неговиот син, кое подолго време било паркирано. Од Територијалната противпожарната единица, пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.