СДСМ Кр.Паланка: Зошто на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател на општинскиот комитет им смета новото име на спортската сала БРАНИТЕЛИ 2001?

“Зошто на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател на општински комитет им смета новото име на спортската сала БРАНИТЕЛИ 2001?

Андоновски треба да одговори дали е ова негов личен став или е став на општинскиот комитет, бидејки тој лично на последната прес конференција изрази јасна критика за преименувањето на спортската сала во нашата општина.

За Андоновски, претпоставуваме дека му е подобро да останеше името ПЕТАР ПОП АРСОВ, име кое асоцира на неговиот ментор и осомничениот за злоупотреба на службената положба и овластување ,предходен градоначалник Алексовски. Прашањето само е дали е ова негов личен став или е став на општинскиот комитет? Андоновски е привремен стечаен управник на локалната ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш кога ке му загусти на ВМРО-ДПМНЕ, него привремено го ставаат на таа позиција за да ја дозакопа партијата, така ке биде и овојпат.

Опозициската партија е во тотален распад, во безидејна состојба и никаква иднина. Во тоа и самите ќе се уверат на претстојните избори, какви и да бидат”, се вели во соопштението на Социјалдемократите од Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e