СДСМ Кр.Паланка: Криминалите на предходната локална власт излегуваат на површина, сите ќе одговараат пред законот!

“По кој знае кој пат се потврди криминалот кој ВМРО – ДПМНЕ го правеше целиот период додека беше на власт. Последниот случај кој резултира со кривична пријава од МВР за поранешниот директор на ЈП Комуналец, Томе Тодоровски, е доказ за тоа дека ВМРО –ДПМНЕ и нивните функционери мислат само на пари и на криминал.

По се изгледа, Тодоровски, јавноста освен за неодговорното трошење на парите на граѓаните, по кафеани и купување на луксузни душеци и пегли, ќе го памети и по кривична пријава за проневера на огромни средства.

Екс директорот, по стапките на неговите колеги од централното раководство, според обвинението на МВР, го оштетил буџетот на ЈП Комуналец за 200.000 евра пари на граѓаните.

Можеби, затоа во истиот тој период тогашното раководство на ова претпријатие на чело со Тодоровски, енормно ја покачи цената на водата и комуналиите, за да има што повеќе пари за проневера.

Јавноста веќе е сведок дека правдата и правната држава полека но сигурно доаѓаат и дека секој што сторил криминал ќе одговара пред законот”, се вели во соопштението на СДСМ од Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e