Расипаната мерна станица била причина за алармантното загадување во Гази Баба

Дотраена опрема и расипаната мерна станица биле причина за екстремно зголемените вредности на загаденост во Гази Баба. Ова денес во интервју за Канал 5 го изјави Јани Макрадули, Заменик министер за животна средина и просторно планирање.

Макрадули во интервјуото не исклучува дека има појава на палење на ѓубре на некои места во градот и затоа во некои делови на градот се чувствува миризба. Инспекторите веќе на терен ги проверувале сите пријавени места.

Градоначалникот на Град Скопје најави дека на јавните површини во Скопје ќе се направи генералка, тој повика и на соработка од сите граѓани, со цел да се намали количеството прашина која го загадува Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e