Работна средба на градоначалникот Мицевски со директорите на јавните институции од општина Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски оствари работен состанок со директорите на локалните јавни институции и установи, кои се под ингеренции на локалната самоуправа.

Состанокот го иницираше градоначалникот Мицевски со цел да се зголеми ефикасноста на работењето на сите служби, меѓусебната комуникација и координација за општото добро на заедницата.

Пред присутните директори и управители, градоначалникот Мицевски ја образложи иницијативата и планот за ваквиот тип на координативни состаноци, како и придобивките од истите.

Беше договорено дека двапати во месецот ќе се организираат ваквите состаноци на кои ќе се дискутира за тековните активности, задачи и планови на институциите и установите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e