Притвор за струмичанецот кој обљуби лице со пречки во развојот

Искористувајќи го претходното познанство со жртвата, триесет и две годишниот осомничен, вчера во с. Муртино, струмичко,  околу 10.30 часот ја нападнал оштетената-лице со пречки во развојот и при тоа извршил обљуба, соопштуваат од ОЈО.

Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот е веднаш лишен од слобода.

-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело Обљуба на немоќно лице од член 187 став 2 од Кривичниот законик. Едновремено, обвинителот ценеше дека се исплонети законските основи, па до Основниот суд Струмица достави предлог за определување на мерката притвор. Судот го прифати предлогот на осомничениот и со Решениe му определи притвор во времетраење од 30 дена, се вели во соопштението од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e