Претепал старец со метална шипка, 70-годишен дедо заврши во болница

Триесет и шестгодишен кавадарчанец со метална шипка претепал 70-годишен сограѓанин, синоќа околу дваесет часот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Четворица кавадарчани, Д.С. заедно со неговата сопруга С.С. и соседите Ѓ.Д. и П.Дсиноќа седеле во двор во Кавадарци. Во тој момент дошло лицето П.П. (36) кое живее на соседната улица и го викнало лицето Ѓ.Д. (70) да излезе надвор.
–  Откако седумдесетгодишникот се доближил до него, П.П. извадил од зад грб метална шипка со која повеќе пати го удрил во пределот на главата и телото.  Притоа му нанел тешки телесни повреди, соопшти Додевски. 
Поради карактерот на повредите, повредениот Ѓ.Д. од ЈЗУ Општа болница – Кавадарци е пренесен на лекување во Ургентен центар во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e