Прегазено 9-годишно дете кое возело велосипед

Во две одделни сообраќајни незгоди, едно дете на возраст од 9 години кое возело велосипед е прегазено со автомобил, а во другата се судриле две воила при што една жена е повредена.

Во четвртокот, во 18,10 часот било пријавено дека во с.Курија-неготинско, патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со кавадаречки регистерски таблици управувано од Ќ.А.(22) од с.Курија удрило во велосипед, управуван од деветгодишно дете од с.Курија. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Медицинскиот центар во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица во Неготино и се работи на целосно расчистување на случајот.

Истиот ден, во 20,10 часот било пријавено дека во Битола на улицата „Партизанска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „,Мерцедес“ со ресенски регистерски таблици управувано од К.С.(42) од Ресен, и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистерски таблици управувано од Н.О.А.(54) од Битола. Во незгодата К.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e