Празникот Мала Богородица масовно одбележан во кривопаланечкиот манастир

Утрена богослужба, а потоа и света литургија се одржува денеска во православните христијански храмови по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица. Исклучок не беше кривопаланечкиот манастир Св „Јоаким Осоговски“ каде се собраа бројни верници кои го одбележаа големиот верски празник. Во дворот на манастирот со осветени славски колачи и вино, како и со осветување на вода се спроведе и церемонијата на кумување на црквата посветена на Божјата мајка – Богородица. И годинава масовно учествуваа над 50-тина верички  кои кумуваа.

Празникот на кривопаланчани како и на сите верници им го честита и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

42227696_10155739597652196_1906849283378774016_n

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот. Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e