Пожар во близина на Пробиштип

Сува треба и ниско стеблеста шума во моментов гори во околината на општина Пробиштип.

Градоначалникот на општината Драган Анастасов рече дека станува збор за поголема површина и дека во моментов не може точно да се каже колкав простер е зафатен.

Пожарот се движи кон селата во општина Свети Николе и дека за негово гаснење ангажирани се 23 пожарникари и членови на резервниот состав на противпожарната единица во Пробиштип. Во гаснење на пожарот се приклучуваат и пожарникари од Свети Николе.

Атансов вели дека за пожарот известена е Дирекцијата за заштита и спасување и дека од нив се бара да се вклучат и ЕР тракторите, со цел огнот да не се доближи до првите куќи на селата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e