Повреден мопедист во Скопје

Во 17.30 часот на крстосница од улица „Мите Богоевски“, улица „Горно Лисиче“ и улица „Ѓорге Андреевиќ-Кун“ во Скопје, 44-годишниот З.Н. од Скопје, управувајќи мопед „Априлија“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот.

Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот З.Н. кој со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e