Поранешна скривница во центарот на Струмица се пренаменува во уметничка галерија

Дел од градска скривница на плоштадот во Струмица, која порано се користеше за регистрација на бракови, Општина Струмица ја пренаменува во уметничка галерија.

Како што информираат од Општината, вкупната корисна површина на пренаменетиот простор изнесува 319 метри квадратни, а ќе има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење и санитарни јазли.

Истовремено ќе биде изведена и настрешница како архитектонски елемент, кој од една страна треба да ја задоволи функцијата на наткривување на влезот во галеријата, но и да претставува маркантна точка на плоштадот за обележување на влезот во уметничката галерија.

-Со уметничката галерија ќе се овозможи поголемо доближување на уметноста до граѓаните на Струмица. Покрај организирање на изложби, овој простор ќе може да се користи и за работилници, предавања, часови со најразлични содржини од областа на културата, додаваат во информацијата од Општина Струмица.

Пренаменувањето на овој простор се реализира во рамки на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во уметничка галерија“, за кој ќе бидат потрошени околу 6,5 милиони денари, кои се обезбедени во поголем дел од Министерството за култура и од општинскиот буџет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e