Поради Задушница изменет сообраќаен режим во Скопје

Поради верскиот празник Задушница денеска, 1 ноември, од 14.00 часот и на 2 ноември (сабота), во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Притоа, МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по ул.„Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на ул.„Боца Иванова“ и излегување од ул.„Боца Иванова“ кон ул.„Александар Урдаревски“.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ – по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај. – соопштуваат од МВР. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e