Почна да се гради новата Детска градинка во комплексот на поранешната Касарна во Струмица

Од денеска започнаа подготвителните активности за изградбата на новата Детска градинка во новата населба во поранешната Касарна во Струмица.

Објектот ќе се гради на површина од 1443 м² со приземје и кат и ќе располага со капацитет за 300 деца. Проектот е финансиран од Министерството за труд и социјална политика, а предвидениот рок за изградба е 16 месеци.

Новата градинка ќе биде изградена по најсовремени стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст и со неа ќе се реши проблемот со недостиг на капацитети во клоновите на градинката „Детска радост“ во Струмица.
Извор: СтрумицаНет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e