Патник од ЈСП пренесен во болница

Патник во автобус на ЈСП вчера паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што веднаш бил хоспитализиран.

Во 15.30 часот било пријавено дека околу 13.30 часот вчера на улицата „101“ во Волково, во приватен автобус со број 22, 77-годишниот Г.Б. од Скопје, кој бил патник во автобусот, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување помош.

Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e