Општина Гостивар апелира за поголем ред и хигиена при продажбата на добиток за Курбан Бајрам

Гостиварското комунално претпријатие и локалната самоуправа упатија апел до граѓаните за да обрнат поголемо внимание на јавната хигиена, а отпадоците од курбаните да не ги фрлаат во контејнери. Годинава продажбата на добиток по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам ќе се врши исклучиво на сточниот пазар во населбата Фазанерија. Поинтензивна продажба на добиток се очекува има од вечер и наредниве два дена.

– Апелираме до сите граѓани на општина Гостивар, при колење на бајрамските курбани да внимаваат за јавната хигиена и да не ги фрлаат остатоците од животните во контејнерите за отпад. На ваков начин ќе се избегне ширењето на лошата миризба, празникот ќе помине во празнична атмосфера, велат од комуналното претпријатие.

Гостиварските комуналци препорачуваат остатоците да се закопаат земја на нивен имот или да ги фрлат во депонијата Русино.

За да се почитува редот, општинската власт преку Комуналниот инспекторат ќе преземе соодветни мерки против прекршителите на законот за јавна чистота. Комуналните инспектори постојано ќе бидат на терен, а граѓаните да ги пријават незаконските дејства на неодговорните лица.

Локалните власти годинава решија за претстојниот муслимански празник Курбан Бајрам добиток да се продава на сточниот пазар. Продажбата на други локации е забранета и ќе биде санкционирана.

Од локалната самоуправа нагласуваат дека сточарите и сопствениците на добиток дека локацијата може да се користи без надоместок и дека продажбата на други места е строго забранета.

Вообичаено, пред Курбан Бајрам, во Гостивар продажбата на овци, говеда и кози се вршеше на големиот градски пазар и по околните паркинзи. На неорганизирната продажба, претходно имаше поплаки поради лошата хигиена и блокирање на сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e