Општина Аеродром субвенционира печки на пелети – Јавниот повик отворен од денеска

Денеска Општина Аеродром објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за граѓаните на нејзината територија.

Целта на овој пилот-проект е да се премине кон еколошки систем на загревање со стимулирање на жителите на Аеродром, поточно домаќинствата, да користат почист огревен материјал и поквалитетни печки за затоплување на своите домови ‒ заповисока енергетска ефикасност и помалку штетни емисии во воздухот, како дел од мерките против загадувањето.

Јавниот повик ќе трае до 3 декември 2018 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“. На овие граѓани Општина Аеродром ќе им субвенционира околу 50 отсто од трошоците за набавка на печка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Општина Аеродром за овој проект издвои 500 илјади денари од својот буџет.

Повеќе детали за критериумите и за начинот на аплицирање на следниов линк:http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2011.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e