Ограбена спортска обложувалница во Скопје, крадецот вперил пиштол

Со вперен пиштол во вработената, непознато лице извршило грабеж во спортска обложувалница, при што одзело околу 310 илјади денари.

„На 05.09.2018 година околу 13.00 часот во спортска обложувалница ул.„Маџари“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од вработената одзел  околу 310.000 денари од дневниот пазар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e