Ническа: Преку еко-акции се чистат магистрални патишта, делници, одводни канали во струшкиот регион

Јавното претпријатие за државни патишта во текот на мината недела започна со чистење на магистралниот пат Струга – Ќафасан. – рече денеска на прес конференција Даниела Ническа – претседател на СДММ Струга.
 Сите одводни канали и пропусти се исчистени од отпад и ѓубре, се средуваат бермите и се кресаат банкините на делницата Струга – Ќафасан. Со ова се зголемува безбедноста во сообраќајот, се чува патната инфраструктура, а истовремено животната средина се чисти од незаконски одложениот отпад.

Овие акции на ЈПДП ќе продолжат и во иднина на сите делници и магистрални патишта каде што е потребно, како дел од редовните активности за одржување на постоечката патна инфраструктура, но и како придонес кон чистата животна средина и подигнување на еколошката свест кај сите учесници во сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e