Несреќа кај салата „Борис Трајковски“ – повредени татко и син

Вчеравечер во 23.30 часот во близина на салата „Борис Трајковски“, мопед „Јијинг“, управуван од 41-годишниот И.З. од Бардовци, скопско, удрил во рабник и метални столбчиња на тротоарот.

Притоа, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Сопатникот на мопедот, осумгодишно дете, со друго возило било пренесено во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани телесни повреди, по што било пуштено на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e