Непознати сторители претепале старец во струмичко оти пријавил дрвокрадство

Непознати лица го претепале 70 годишниот Јосе Петров од струмичко Градашорци оти пријавил дрвокрадство во атарот на селото Варварица каде чува пчели. За насилството сведочат повредите во главата но и по целото тело што ги добил Петров од насилниците. Тврди дека останал жив благодарение на пријателите со кои ја чекал шумската и цивилната полиција да ги фатат крадците на дело кои вршеле нелегална сеча во семејната корија.

„Еден од нив од задната страна ме удри со дрво по главата и јас паднав на земјата. Едвај ги отргнаа напаѓачите едвај преживеав. Ме нападнаа затоа што сум пријавил дрвокрадство во шумската и цивилната полиција“, вели Јосе Петров – пчелар во Варварица.

Среќен е што останал жив но вели дека мора правдата мора да излеза на виделина и надлежните да ги засилат контролите оти дрвокрадството во тој шумски предел добива на интензитет. Тој сега се плаши да отиде на пчеларникот.

„Во Варварица има многу кражба, а овластените лица не можат да ги запрат. Сега се плашам да отидам кај пчеларниците“, вели Јосе Петров – пчелар во Варварица.

Инцидентот Петров го пријавил кај надлежните откако му биле санирани повредите во болницата. Од полиcијата велат дека работат на целосно расветлување на случајот . По земените изјави на оштетниот откриен е идентитетот на насилниците и против нив ќе се поднеста пријави за физички напад.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e