Над 50 мигранти пронајдени во Липково, четворица од нив носеле оружје и ги тепале другите

Во атарот на селото Лојане, општина Липково, поточно кај местото наречено Шорта, полицијата открила 52 лица илегални мигранти по потекло од африкански и азиски земји.

Тие биле приведени и однесени во Транзитниот центар „Табановце“.

Четири лица од Пакистан биле лишени од слобода затоа што кај нив биле пронајдени нелегални супстанции и ладно оружје, а биле посочени и дека физички ги напаѓале другите од групата.

Тие се предадени во СВР Куманово. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e