МВР: Екс директорот на „Комуналец“- Кр.Паланка проневерил 200.000 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против поранешниот директор на ЈП Комуналец од Крива Паланка, Томе Тодоровски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Во периодот од октомври 2012 до октомври 2017 година, пријавениот како директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Крива Паланка, без претходно склучени договори, ангажирал физички лица за извршување на активности за наведеното јавно претпријатие, со што го оштетил за околу 12.221.293 денари“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e