Мотоциклист заврши на Клинички откако излетал во провалија, пожарникари во извлекувале

Во текот на вчерашниот ден околу 16:45 часот на автопат Скопје-Велес, мотоцикл „Кавасаки“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(43) од Прилеп, удрил во рабник и банкина и излетал од коловоз на непристапен терен, инфомираат од полицијата.

Со асистенција на Противпожарната бригада-Скопје, М.А. бил извлечен и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Од полицијата велат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e