Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Пробиштип

Мотоциклист е тешко повредeн во сообраќајна несреќа во Пробиштип. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 21:10 часот на крстосницата од улицата Јаким Стојковски и улицата Никола Карев во Пробиштип.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „рено меган“ управувано од Љ.М.(60) од Пробиштип и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од К.Ј.(21) од селото Злетово, Пробиштипско.

По незгодата, возачот на мотоциклот бил пренесен во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип и по укажаната лекарска помош бил препратен во Клиничка болница Штип каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. Увид на местото изршила увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e