Митовски на отворањето на промотивен штаб во населба Единство: Сплотени сме во идејата за историска победа на 17 Октомври!

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, вчеравечер присуствуваше на отварањето на промотивен штаб во населба Единство.
-Уште еднаш е потврдена големата победа на сите граѓани! Со моите сограѓани и другари од населба Единство, со кои заедно поминавме многу, сплотени сме во идејата за историска победа на 17 Октомври!, порача Митовски.
-Тие знаат дека зборот е збор, сите заедно, со заеднички сили и напори ќе го направиме нашиот град модерно и европско место за живеење, вели кандидатот за градоначалник кој срдечно беше пречекан од жителите на Единство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e