Митовски меѓу жителите на Подржикоњ: Достапен сум за граѓаните секој ден

Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ,  Сашко Митовски денеска оствари средба со месните жители на село Подржикоњ.
-На убавото време денес поминав еден убав ден со жителите на селото Подржикоњ. Разговаравме, срдечно и отворено за проблемите што ги засегаат. Како и денес, јас ќе бидам тука за нив секој ден, 365 дена во годината, порача Митовски по средбата.
Митовски на неговиот официјален фејсбук профил и изминативе денови беше меѓу своите кривопаланчани потенцирајќи дека е отворен за критики и барања.
-Близу до граѓаните, достапен за секого, секогаш отворен за сите барања и критики, беше и останува мој врвен мотив и начин на работа, порача Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e