Мицевски со честитка по повод патрон празникот на Крива Палнка – Св. Јоаким Осоговски

Градоначалникот на општина Крива Паланка на сите кривопаланчани им го честита денешниот празник Св.Јоаким Осоговски – светителот кој е закрилник на градот.
„Нека денешниот патрон и заштитник на Крива Паланка, за сите нас биде поттик за простување, подадена рака на солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција. Со добри мисли и хуманост да го градиме нашиот заеднички дом во кој приоритети се меѓусебната почит, разбирање и добрина. Да бидеме скромни и горди во денешното празнување и да се сплотиме околу заедничките вредности што носат мир, меѓусебна почит и напредок за сите. Нека е за многу години денешниот празник Св.Јоаким Осоговски и нека не води кон посветла и подобра иднина.“ – стои во честитката од градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски која ја објави на својот ФБ профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e