Мајка и бебе со тешки повреди примени на Ургентен во Скопје

Мајка со нејзиното едногодишно бебе вчера побарала помош во болница во Скопје. Според информациите на полицијата, кај бебето биле констатирани тешки телесни повреди.

Вчера во 12.45 часот од Ургентен центар Скопје во полиција било пријавено дека кај нив за преглед се пријавиле К. М. (20) од Скопје, која имала видливи повреди по телото, и нејзината едногодишна ќерка, кај која се констатирани тешки телесни повреди.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за да се утврди како се повредени пациентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e