Кривопаланечко културно лето 2018: Следи изложба на Сандра Котевска и рок концерт на „Игуана бенд“

Ликовна и музичка уметност на едно место! Кривопаланчани и гостите во градот претстојната сабота, 11-ти август, ќе имаат можност да уживаат во уште еден од низата интересни настани во рамки на „Кривопаланечко Културно Лето 2018“.

Во просториите на Локалната установа Градски музеј, со почеток од 20 часот, ќе биде отворена изложбата на слики од Сандра Котевска, академски уметник од Битола, по што посетителите ќе имаат можност да уживаат во рок концертот на кочанскиот бенд „Игуана“.

Целосната програма на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2018“ погледнете ја подолу:

38405525_263589544438789_9075970563142320128_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e